Евиденција на пчелините семејства |
Економија и пчеларство - Правна регулатива | |||
Петок, 29 Јануари 2010 21:18 | |||
На земјава итно и треба катастар на пчелни семејства за да се идентификуваат и одбележат сите пчели преку софтверски систем,но и за да се овозможи извоз на пазрите во Европската унија. ИНТЕНЗИВНО ГИ КОРИСТИМЕ ПРИРОДНИТЕ УСЛОВИ ЗА РАЗВОЈ НА ПЧЕЛАРСТВОТО
Според информациите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ во изготвувањето на пчелниот катастар се очекува техничка помош од Турската агенција за развој и соработка (ТИКА) преку нејзиниот кординатор во Канцеларијата во Скопје. Неопходно е, додава тој, да се воведе сертификат за пчелите, но и за македонскиот мед. За реализација на сите овие активности потребна е техничка и правна процедура, која пак треба да биде усогласена со пропишаните стандарди на Европската унија. Тунџај Башоглу, директор на Канцеларијата за програмска координација на Турската агенција за развој и соработка во Скопје, истакнува дека дел од проектот кој во изминатите три години го реализираше ТИКА во соработка со Министреството за земјоделство, е и здравствената заштита при одгледувањето на пчелите и воспоставувањето на следливост на апи-производите. Една од целите на проектот, појаснува Јашари, беше да се обезбеди развој на руралните средини на источниот дел од земјава. Во рамките на овие активности формирано е и здружение на пчелари кое работи на уште поголем развој на пчеларството во регионот, но и во земјава. Во проектот се вклучени 86 семејства на кои драстично им се подобри социјалниот статус. Експертите велат дека развојот на пчеларството е значајна земјоделска гранка, бидејќи со неговиот просперитет се поттикнуваат и други сродни гранки да се движат по нагорна линија, а тоа води генерално и кон намалување на невработеноста. Во Македонија во моментов има околу 10.000 производители на мед со околу 100.000 пчелни семејства. Според статистичките податоци потрошувачката на мед по глава на жител на годишно ниво е само 200 грама. За споредба со други параметри, секој Македонец на годишно пие околу 5 килограми кафе. Валентина МАРЈАНОВИЌ Превземено од страницата на Вечер
|