Идеата за еден ваков интерактивен Интернет портал на кој ќе биде промовирано пчеларството и кој ќе третира и други актуелни теми, е уште од 1996 година. Меѓутоа неговата имплементација зависеше од многу технички и финансиски фактори. Пред се беше потребен брз интернет, добро програмиран интернет портал која ќе може лесно да се одржува и обновува, а сето тоа да не биде премногу скапо.
Порталот ќе ви овозможи :
да дојдете до потребните информации од областа која ве интересира и како истите да ги примените во пракса.
Сајтот Ви овозможува да добите практични совети со кои ќе ги избегнете високите ризици кога експериментирате со одредени лекарства ,технологии и постапки заштитувајќи Ве од губитоци и заштедувајќи ви многу време и Ваши пари.
Воедно можете активно да се вклучите во содржините на овој сајт: оценувајки ги статиите, давајќи ваши коментари, учествувајќи во дискусиите, гласајќи на анкетите со тоа ќе го зголемите квалитетот и ќе придонесете за збогатување на содржината на сајтот. Можете да поставувате прашања и да давате одговори на поставените прашања. Можете да ги објавите вашите позитивни и негативни искуства, стекнати со практиката.
Што интернет порталот ќе содржи? За кого ќе биде наменет? Што ќе добијат корисниците на прталот?
- Пoрталот е наменет за искусните пчелари кои со своите мислења и коментари ќе ги пренесат нивните искуства и ќе ја збогатат неговата содржината, а тие ќе добијат можност за бесплатна промоција и публицитет.
- Исто така младите неискусни пчелари или оние кои сакаат да почнат со пчеларење на порталот ќе можат да ги најдат сите потребни информации за успешно пчеларење а ќе можат да поставуваат и свои прашања. на кои ќе добијат практични совети.Со тоа заштедуваат многу време и пари.
- Студентите од земјоделскиот факултет отсек пчеларство ќе можат да добијат информации ,примери и искуства од пчеларската практика како и други актуелности од оваа област.
- Производни компании кои се занимаваат со производство на опрема за пчеларството,шекерно медни погачи и други адитиви за прихранување на пчелите,восочни основи, Фармацеутски куќи кои произведуваат лекови за заштита од болестите на пчелите и други компании кои се занимаваат со бизнис поврзан со пчеларството,тргуваат со пчелини производи и пчеларска опрема на сајтот ќе можат да огласуваат и да се рекламираат со што ќе ја зголемат продажбата на своите производи.
- Сајтот е наменет и за оние кои се занимаваат со најблагородната работа и преку книги ,списанија, брошури и семинари го пренесуваат своето искуство и знаење на сите оние кои се заинтересирани за тоа.Тие имаат можност да се вклучат во содржините на сајтот добивајки бесплатна промоција и публицитет зголемувајќи ја можноста за продажбата на своите трудови.
- Лекарите кои ја практикуваат АПИТЕРАПИЈАТА пред се во рехабилитациони цели но и при превентивата за заштита од болестите.Тие можат да добијат информации од корисниците на пчелини производи како пчелините производи влијаеле на подобрувањето на нивното здравје или како влијаеле врз зајакнувањето на нивнот имунитет. Меѓутоа лекарите ќе можат да се вклучат со статии од нивни истражувања при примената на апитерапијата во секојдневната лекарска пракса со цел полесно и поквалитетно да им помагаат на своите пациенти.
- Сите оние кои се заинтересирани за квалитетен и здрав живот за примена на пчелините производи и лековитите билки во исхраната ,лекувањето и козметиката, но и за сите други прашања кои влијаат на квалитетот на нашето живеење, ќе можат да добијат детални информации и многу рецепти за начинот на користење на пчелините производи и лековитите билки, исто така тие можат своите искуства да ги објават на сајтот стекнувајќи се со бесплатна промоција и публицитет.
Во основа на порталот се отворените теми од сите позначајни области на пчеларството како и факторите кои влијаат на успешноста во пчеларењето.
Но исто така и ,
- Теми за здравјето.
- Користењето на пчелините производи за зачувување ,подобрување и постигнување на здравјето.
- Теми за екологијата и глобалните климатски промени и нивното влијание на флората и фауната и како да се справиме со овие промени.
- Теми за сиромаштијата и потребата за зголемено производство на здрава храна и справување со овој проблем.
- Теми од ИТК технологиите и нејзината примена како помош во решавање на овие феномени на дваесет и првиот век.
- Исто така можат да се поставуваат и други интересни теми и прашања од секојдневниот живот како и да се промовираат успешни луѓе и инересни настани .
Секоја од областите постојано ќе биде надополнувана со најнови сознанија и искуства.
Сите текстови и податоци кои се наоѓаат на порталот се со цел да послужат како информација и имаат образовен карактер , дел од нив се мислења и видувања на нашите посетители и се отворени за дебата. Воедно е користена и обемна пчеларска и друга соодветна литература како и информации и преводи на текстови објавени на интернет на други јазици.
Во изготвување е и превод на страницата на Хрватски и на Англиски јазик.
Фотографиите и видео клиповите (кои ќе се додадат во акција :) во најголем дел се оргинални и актуелни.
Порталот на интернет како пилот e поставен од 01/01/2009 годинa.
Порталот е регистриран 04.03.2009 година со македонски домен www.pcelar.mk од кога функционира продукциски портал.
e-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Посетете не на facebook
Oд Уредникот
|
prikaz za poloskoto pcelarenje so 26 ramki kako izgleda i sve okolu toa ke go prikazis vo idnina
pozdrav od pcelarot petar
bul. ASNOM br.24 vl.1 stan 1
nas.Novo Lisice 1ooo Skopje
tel.o2 2435.814
o7o.260.363
e-mail.grimiko_duki@uahoo.com
pozdrav,
dusan
ima mnogu prednosti, ednostavna rabota, visokoproduktivno drustvo, so jako drustvo od okolu 65.000 do 90.000 pceli, rezultatot e efikasno za prezimuvanje, rabota so 2 matici, i ostanati prednosti.
pozdrav,
pcelar dusan maric
vaska-laz@mail.net.mk pozdrav
Доколку има каде можам да ги набавам.
Поздрав
п.с. ставете линк на почетната страна каде можиме директно да Ви пишиме
Добро е да има објаснувања.
Моја е-mail адреса е gjore_karafilovski@yahoo
Поздрав.
поздрав www.pcelar.mk