РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО ПРАВИЛНИК ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Правна регулатива
Вторник, 10 Јануари 2012 20:28
 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО


ПРАВИЛНИК
ЗА
ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ОДГЛЕДУВАЛИШТА НА ПЧЕЛИ
Октомври  2011 година

Врз основа на член 6, став (1), од Законот за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на РМ" бр. 69/2004 и бр. 81/2007) Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе

ПРАВИЛНИК ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ОДГЛЕДУВАЛИШТА НА ПЧЕЛИ
I. Општа одредба

Член 1
Со овој правилник се пропишуваат:

-   Начинот на идентификацијата и регистрацијата на одгледувалиште на пчели;
-   Форма, содржина, начин и постапка на водење на регистарот на одгледувалиште;
-   Начин и постапка на извршување на годишен попис на одгледувалиште;
-   Форма, содржина, начин и постапка на водење на централниот регистер и компјутерската база на податоци; и
-   Содржината  на записникот за инспекциска контрола и годишниот извештај.

Начин на идентификација и регистрација на одгледувалиште на пчели

Член  2

(1)   Согласно член 6 од Законот за идентификација и регистрација на животните, (во понатамошниот текст „Законот") секој одгледувач на пчели треба да го регистрира своето одгледувалиште во Централниот регистар на одгледувалишта, воспоставен и воден од Одделението за идентификација и регистрација на животните. Регистрацијата се врши со пријавување во надлежното ветеринарно друштво, по што одгледувачот добива единствен регистарски број на одгледувалиште (во понатамошниот текст „РБО").
(2)   Доколку одгледувачот на пчели е регистриран во Централната база на податоци како одгледувач на некој друг вид животни, на истиот број на одгледувалиште ќе биде регистриран како одгледувач на пчели, со едноставно проширување на листата на животни кои се одгледуваат на тоа одгледувалиште.
(3)   Регистрација на одгледувалишта за пчели ја врши овластено ветеринарно друштво во регионот, пришто:
- пополнува пописен формулар за отварање на одгледувалиште на пчели,
- издава идентификациски плочи и  ги надгледува нивните поставувања,
- внесува податоци во Централна база на податоци,
- одговора за точноста и навременоста на внесените податоци во Централна база на податоци.

(4)   Средства за идентификација на одгледувалиштата на пчели е идентификациска плоча на одгледувалиште. Идентификациската плоча се издава од ветеринарното друштво по регистрацијата на одгледувалиштето, а одгледувачот треба да ја постави на видливо место на одгледувалиштето во рок од седум дена.  
(5)   Доколку идентификациската плоча е нечитлива, оштетена или изгубена, одгледувачот треба да побара од овластеното ветеринарно друштво нејзина замена. Заменетата идентификациска плоча ги содржи истите податоци, плус редниот број на замената. Трошоците за замената на идентификациската плоча се на товар на одгледувачот.

(6)   Формата и содржината на идентификациската плоча е дадена во Прилог бр. 1 на овој Правилник.


Форма, содржина, начин и постапка на водење на регистарот на одгледувалиште

Член 3

(1)   Регистерот на одгледувалишето се води рачно или електронски од страна на одгледувачот според образецот даден во Прилог  бр. 2 на овој Правилник.

(2)   Регистерот на одгледувалиште ги содржи следниве податоци:
-   Регистерски број на одгледувалиштето (РБО) и код на земјата;
-   Име и презиме и адреса на одгледувачот;
-   Адреса на одгледувалиштето и географски координати или еквивалентни индикации на географската локација на одгледувалиштето;
-   Податоци за секое движење од и во одгледувалиште на пчелните заедници;
-   Податоци за превозното средство со кое е извршено движењето;
-   Вкупен број на пчелни заедници на одгледувалиштето по секоја промена на состојбата;
-   Податоци за други локации каде привремено се преместуваат пчелите (име на пасиште и адреса или други локации)
-   Податоци за здравствената состојба на одгледувалиштето, санитарни мерки и во случај на постоење на забрани за движење на пчелите од тоа одгледувалиште;
-   Извршени контроли на одгледувалиштето од страна на официјален ветеринар ( датум на извршената контрола, име, презиме, печат и потпис на официјалниот ветеринар).
Секоја промена на состојбата треба одгледувачот да ја внесе во Регистерот на одгледувалиштето во рок од седум дена.
(3)   Секоја промена на состојбата треба одгледувачот да ја внесе во Регистерот на одгледувалиштето во рок од седум дена.


Начин и постапка на извршување на годишен попис на одгледувалиште

Член 4
(1)   Попис на бројната состојба на пчелните заедници се врши два пати годишно. Првиот попис треба да се изврши најдоцна до 30-ти април а вториот до крајот на годината. Директорот на Агенцијата ги пропишува точните датуми кога ќе се врши пописот.

(2)   Пописот на бројната состојба го врши лично секој одгледувач за своето одгледувалиште. Образецот на кој треба да се изврши пописот е даден во Прилог бр. 3 од овој Правилник. По точно и комплетно пополнување на образецот, одгледувачот го доставува до надлежното ветеринарно друштво. За точноста на податоците  од извршениот попис на одгледувалиште е одговорен одгледувачот.

(3)   Податоците од извршениот попис на одгледувалиштата овластеното ветеринарно друштво ги внесува во Централна база на податоци.


Форма, содржина, начин и постапка на водење на централниот регистер и компјутерската база на податоци

Член 5


(1)   При регистрација на одгледувалиштето, овластеното ветеринарно друштво треба да изврши попис на одгледувалиштето со податоците потребни за регистрација во Централната база на податоци.
(2)   Централниот регистар на податоци ги содржи најмалку следните податоци:
-   Податоци за одгледувачот (име, презиме, адреса, матичен број и телефонски број,
назив , адреса, телефонски број и даночен број на фирма);
-   Адреса на одгледувалиштето и географски координати или еквивалентни индикации на географската локација на одгледувалиштето;
-   Број на пчелни заедници на одгледувалиштето;
-   Податоци за користење на други локации каде што одгледувачот привремено ги преместува пчелите;
-   Податоците од пописот на одгледувалиштата;
-   Овластено ветеринарно друштво;
-   Официјален ветеринар;
-   Поле резервирано за внес на податоци за здравствената состојба на животните, ограничување на движењето, статусот или другите релевантни информации за животните во одгледувалиштата.
(3)   Формата и содржината на образецот на пописниот формулар за одгледувалиште е даден во Прилог бр. 4 кој е составен дел на овој Правилник

Форма, содржина, начин и постапка на водење на компјутерската база на податоци

Член 6

(1)   При регистрација на одгледувалиштето, овластеното ветеринарно друштво треба да изврши попис на одгледувалиштето со податоците потребни за регистарција во Централната база на податоци кои ги внесува во компјутерска база на податоци.
(2)   Централниот регистар на компјутерската база на податоци ги содржи најмалку следните податоци:
-   Идентификациски код на одгледувалиштето;
-   Податоци за одгледувачот (име, презиме, адреса, матичен број и телефонски број,
назив , адреса, телефонски број и даночен број на фирма);
-   Адреса на одгледувалиштето и географски координати или еквивалентни индикации на географската локација на одгледувалиштето;
-  Податоци од годишниот попис на одгледувалиште;
-   Број на пчелни заедници на одгледувалиште;
-   Овластено ветеринарно друштво;
-   Официјален ветеринар;
-   Поле резервирано за внес на податоци за здравствената состојба на животните, ограничување на движењето, статусот или другите релевантни информации за животните во одгледувалиштата.

Член 7

Записник за инспекциска контрола

(1)   Записникот од инспекциска контрола ги содржи следниве податоци:
- Број на записник;
- Име и презиме на ветеринарниот инспектор;
- РБО каде се врши контрола;
- Датум на контрола;
- Име, презиме и адреса на одгледувачот;
- Причина за контрола;
- Ажурност на водење на одгледувалиште;
- Изречени мерки;
- Потпис на одгледуваачот и ветеринарниот инспектор;

Член 8

Годишен извештај

(1)   Агенцијата подготвува годишен извештај за извршените контроли.
(2)   Годишниот извештај треба да ги обезбеди следните информации:
-   Број на регистрирани одгледувалишта;
-   Број на контролирани одгледувалишта;
-   Констатирани неправилности во одгледувалишта;
-   Број на извршени контроли во движење на пчелни заедници;
-   Констатирани неправилности во движење;
-   Изречени мерки.

Завршни одредби
Член 9

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија".
 
Коментари (5)
5 Понеделник, 20 Април 2015 10:53
CVETKO
ME INTERESIRA NA KOLKAVO RASTOJANIE TREBA DA BIDAT SANDACITE SO PCELI OD SEMEJNA KUKA I DALI POSTOI ZASTITA PRAVILNIK NA KOJA ODALECENOST SMEE DA SE ODGLEDUVAAT PCELI.
4 Понеделник, 22 Декември 2014 12:00
goce
me interesira kolkava e momentalnata brojak na pcelini semejstva vo mk i kade mozam da dojdam do ovie informacii
3 Вторник, 17 Јануари 2012 11:22
Meto
Каде би можело да се најдат повеќе информации околу субвенциите 100 евра по пчелно семејство? Разбрав дека ќе било од 2013, само ништо официјално од владата не можам да најдам на интернет.

Поздрав
2 Недела, 15 Јануари 2012 20:50
Трајан
Добро бе овие манги се паметни или сакаат некого да прават будала, за да им верува. Зошто отворено не кажат, дека повеќе нема да се даваат субвенции за пчеларството, а со ваквите трикови, пчеларите ќе треба, покрај данокот да уплаќаат и дебели средства за ``овластените`` ветеринари и агенцијата, за да извршат идентификација и регистрација на пчеларниците. Срамота!
1 Вторник, 10 Јануари 2012 23:31
Администратор
За неколку година Државата ке дава субвенции по 100 Евра за пчелино семејство со ослободување од секаков данок само да се одгледуваат пчели на сите можни локации без ограничување и ке плаќаат дополнително за опрашување, но за жал ќе нема ниту пчели ниту одгледувачи.Во Македонија пчеларството ќе биде уништено и секоја можност за стимулација и развој ќе биде неможна.На што го засновам овој коментар ќе го образлозам во некоја наредна статија .Поздрав!

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):